Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики

Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики

Државниот завод за статистика учествуваше на панел-дискусијата „Креирање на политики, не само извештаи: редефинирање на сметководствената професија“, организирана од Комората на сметководители на Македонија на 12.12.2025 година во Скопје.

Во своето излагање, директорот на Државниот завод за статистика ја истакна потребата од зајакната соработка меѓу сметководителите, статистичарите и креаторите на политики, нагласувајќи дека поквалитетните финансиски извештаи се основа за поквалитетни макроекономски статистики и ефективни политики.
Беа презентирани напорите на државната статистика за усогласување со европските стандарди за квалитет на податоците, паралелно со намалување на административниот товар за извештајните единици, преку системски решенија и дигитализација на процесите.

Директорот  упати честитки по повод 16-годишниот јубилеј на Комората на сметководителите истакнувајќи ја нејзината важна улога во унапредувањето на сметководствената професија.
На настанот поздравно обраќање имаше и заменик-министерот за економија, г. Марјан Ристески.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026

35 години независна Македонија – приказна раскажана низ бројки

По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја подготви публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении

07 септ. 2026