Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Посета на студенти од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет – Скопје

Овој тип на соработка помеѓу академската заедница и Државниот завод за статистика е од особено значење за унапредување на знаењето и практичните вештини на идните социолози

Денес, 16.04.2025 година, група студенти од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје со нивните професори остварија студиска посета на Државниот завод за статистика. Посетата беше дел од редовната наставна програма и имаше за цел да ги запознае студентите со практичната примена на статистичките методи во истражувањата од областа на социологијата и општествените науки воопшто.

За време на посетата, студентите имаа можност непосредно да се запознаат со работењето на Заводот, методологијата на прибирање и обработка на податоци, како и со значењето на статистиката во креирањето јавни политики и анализи. Претставниците на ДЗС одржаа презентација со различен вид информации за статистиката, проследена со дискусија и одговори на прашања од студентите и професорите.

Овој тип на соработка помеѓу академската заедница и Државниот завод за статистика е од особено значење за унапредување на знаењето и практичните вештини на идните социолози, а ќе продолжи и во иднина, со заеднички активности што ќе придонесат за уште поблиско поврзување на теоријата и практиката.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026