Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Посета на ученици од Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола

Оваа посета е во рамките на активностите на Заводот за подобрување на статистичката писменост помеѓу учениците

На 26.03.2025 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на учениците и професорите од Средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола. 

Оваа посета е во рамките на активностите на Заводот за подобрување на статистичката писменост помеѓу учениците. 

За време на посетата, тие се запознаа со работата на Државниот завод за статистика како единствен официјален извор на статистички податоци во државата и неговата клучна улога во собирањето, обработката и дисеминацијата на тие податоци. 

Учениците беа информирани за различните статистички процеси, а им беа презентирани веб-страницата на Заводот, како и базата на податоци МакСтат, при што им беше практично објаснето како да ја користат за да дојдат до бараните статистички информации што ќе им послужат за нивните училишни работни задачи од областа на економијата и статистиката.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Годишна оценска мисија на Евростат

Од 16 до 18 октомври 2024 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Националниот статистички систем, што ја спроведува Статистичкиот завод на Европската Унија - Евростат

18 окт. 2024

Државниот завод за статистика и UN Women потпишаа Меморандум за разбирање за зајакнување на родовата статистика

„Со производството на веродостојни и навремени статистички податоци разделени по пол придонесуваме за креирање на политики, мерки и активности за подобрување на состојбите на полето на родовата еднаквост“

17 окт. 2024

Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

16 окт. 2024

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024