Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Економскиот факултет – Скопје
Соработката има за цел да ги приближи академскиот и јавниот сектор и да овозможи практично искуство за студентите
На 30.04.2025 година, во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Меморандумот го потпишаа директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески. Со овој документ се воспоставува рамка за стратегиска и долгорочна соработка со цел развој и реализација на активности од заеднички интерес.
Во согласност со Меморандумот, двете институции ќе соработуваат при организирање заеднички конференции, семинари, обуки и проекти; овозможување стручна пракса и посети на студенти во Заводот; размена на предавачи и експерти од релевантните области; поддршка при истражувачки активности и настани поврзани со статистиката и економијата и други иницијативи од заеднички интерес.
Оваа соработка има за цел да го зајакне поврзувањето меѓу академската заедница и јавниот сектор, како и да им понуди на студентите можности за практично учење и примена на стекнатите знаења.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Состанок со Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст
На 30.12.2024 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, имаше состанок со заменик-директорот на Активноста, г-ѓа Тамара Тодоровска и раководителот на компонентата за јавно-приватен дијалог, г-ѓа Ирена Ѓоргиевска.
30 дек. 2024
Предавање пред студентите од Американ колеџ
Денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Американ колеџ
10 дек. 2024
Работна средба со Институтот за сметководители и овластени сметководители
Државниот завод за статистика во процесот на имплементирањето на новата верзија на Националната класификација на дејностите (ревизија 2.1)
06 дек. 2024
Координативен состанок со Меѓународната организација на трудот
Договорено е да се обнови Меморандумот за соработка и беа дискутирани можните активности за соработка во 2025 година.
02 дек. 2024
Состанок со Институтот на сметководители и овластени сметководители
На 18 ноември 2024 година, директорот на ДЗС, г. Дејан Станков, одржа состанок со г-ѓа Весна Прентоска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители
19 ноем. 2024