Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија
Јакнење на интересот и потенцијалот на младите за економските науки
На 10 декември 2025 година Државниот завод за статистика потпиша Меморандум за соработка со Сојузот на математичарите на Македонија.
Со овој Меморандум, Државниот завод за статистика и Сојузот на математичарите на Македонија ја зајакнуваат својата заедничка намера да им понудат подобрa економска и статистичка едукација на учениците од средното образование.Планираме заедно да изработуваме едукативни материјали, да организираме обуки и работилници, како и да им обезбедиме поддршка на учениците што се подготвуваат за Македонската и за Меѓународната економска олимпијада.
Целта е едноставна, но важна — да се охрабри талентот и интересот на младите за економијата, финансиите и бизнисот и да им се создадат услови полесно да напредуваат и да постигнуваат одлични резултати на натпреварите.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа
Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
27 септ. 2024