Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Факултетот за безбедност – Скопје

Директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот

На 22 април 2025 година, во рамките на  унапредувањето и зголемувањето на обемот на соработката со академската заедница, директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и  деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Јонче Ивановски, потпишаа меморандум за соработка што претставува прв чекор кон создавање нови можности за развој на заеднички проекти, семинари и научни активности во сферата на статистиките на криминалот. 

Дополнително беа утврдени и неколку области од заеднички интерес во кои може активно да се работи, а кои се однесуваат на можноста експерти од ДЗС да учествуваат на тркалезни маси организирани од Факултетот за безбедност, презентации за студентите на Факултетот за достапноста и користењето на податоците од областа на судските статистики, користењето анонимизирани податоци за научноистражувачки цели, овозможување пракса во ДЗС за студентите од Факултетот и др.

Исто така, директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот. 

Во дискусијата беа отворени и бројни прашања за начинот на соработката при научноистражувачка работа, а за која Факултетот за безбедност – Скопје може да даде свој придонес преку својот Центар за научноистражувачка работа.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Нова електронска услуга: Образецот ВОИ.20 достапен на Националниот портал за е-услуги

Официјално претставена најновата електронска услуга на Националниот портал за е-услуги – образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи

05 септ. 2025

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

08 јул. 2025