Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Факултетот за безбедност – Скопје
Директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот
На 22 април 2025 година, во рамките на унапредувањето и зголемувањето на обемот на соработката со академската заедница, директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Јонче Ивановски, потпишаа меморандум за соработка што претставува прв чекор кон создавање нови можности за развој на заеднички проекти, семинари и научни активности во сферата на статистиките на криминалот.
Дополнително беа утврдени и неколку области од заеднички интерес во кои може активно да се работи, а кои се однесуваат на можноста експерти од ДЗС да учествуваат на тркалезни маси организирани од Факултетот за безбедност, презентации за студентите на Факултетот за достапноста и користењето на податоците од областа на судските статистики, користењето анонимизирани податоци за научноистражувачки цели, овозможување пракса во ДЗС за студентите од Факултетот и др.
Исто така, директорот и вработени од Државниот завод за статистика се претставија пред присутните студенти со свои презентации поврзани со положбата и улогата на Заводот во општеството, значењето на официјалната статистика, националниот статистички систем и статистиките на криминалот.
Во дискусијата беа отворени и бројни прашања за начинот на соработката при научноистражувачка работа, а за која Факултетот за безбедност – Скопје може да даде свој придонес преку својот Центар за научноистражувачка работа.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025