Новости

Продлабочување на соработката со УНИЦЕФ

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја, г-ѓа Лесли Милер и нејзиниот тим, при што беше запознаен со тековите активности на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Госпоѓа Лесли Милер се осврна на резултатите што заеднички се постигнати и ја потенцираше важноста на статистичките податоци што ги произведува Заводот во креирањето на политики, мерки и активности за подобрување на состојбата на децата и младите во земјава.

Директорот Станков истакна дека Заводот, во рамките на својот мандат за производство на официјални статистички податоци и како координатор на националниот статистички систем, вложува максимални напори за задоволување на потребите од податоци на сите корисници, и особено ја цени посветеноста на УНИЦЕФ за користење на официјалните статистики при остварувањето на поставените цели.

Стана збор и за идните заеднички активности кои се дел од годишните планови за работа на двете институции и кои се продолжение на веќе воспоставената соработка, како и можностите за проширување на опсегот на активности и постигнување на уште повеќе вредни резултати.

Поврзани вести и соопштенија

Средношколци од Гевгелија во посета на Државниот завод за статистика

Во рамките на своите заложби за подигнување на нивото на статистичка писменост помеѓу младите, денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група ученици од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

15 ноем. 2024

Потпишан Договор за размена на податоци

Како резултат на долгогодишната успешна соработка, денес, директорите на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, и на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, потпишаа Договор за размена на податоци меѓу двете институции.

15 ноем. 2024

Продлабочување на соработката со УНИЦЕФ

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја, г-ѓа Лесли Милер и нејзиниот тим, при што беше запознаен со тековите активности на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

15 ноем. 2024

Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди

Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики

12 ноем. 2024