Република Северна Македонија станува член на групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика за агендата за одржлив развој 2030 на ОН
Доц. д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, е назначен за член на HLG-PCCB на ОН од јуни 2025 година

Групата на високо ниво за партнерство, координација и градење капацитети за статистика за Агендата за одржлив развој 2030 (HLG-PCCB) е составена од директорите од 22 национални статистички институции кои ги претставуваат континенталните региони на светот, а претседателот на Статистичката комисија на Обединетите нации (UNSC) е член по службена должност.
Главната цел на HLG-PCCB е да обезбеди стратешко водство во решавањето на потребите за статистички капацитети на националните статистички институции во следењето и прегледот на спроведувањето на рамката на индикатори за Агендата 2030 и Целите за одржлив развој (SDGs).
Друга важна одговорност на HLG-PCCB е обезбедување стратешко водство и насоки за организацијата на Светскиот форум за податоци на ОН (UNWDF), вклучувајќи ја неговата програма и резултати.
Одделот за статистика на Обединетите нации ја формираше HLG-PCCB во 2015 година.
Поврзани вести и соопштенија
Координативен состанок на Групата за политики за статистичка соработка

Пристапните преговори и интегрирањето на земјите кандидати за членство во Европската унија зависат од силни и ефективни национални статистички институции
04 окт. 2024
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
27 септ. 2024