Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Средба на Државниот завод за статистика со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

Разговори за напредокот во областите национални сметки, статистика на населението и статистика на цените, во рамките на соработката со Меѓународниот монетарен фонд.

На 13 ноември 2026 година, во просториите на Државниот завод за статистика, директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), д-р Дејан Станков и група вработени во Заводот имаа состанок со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

На состанокот се разговараше за напредокот и тековните активности во неколку важни статистички области, со посебен фокус на националните сметки, статистиката на населението и статистиката на цените.

Разговорите беа насочени кон унапредување на статистичките процеси, квалитетот и достапноста на статистичките податоци, како и кон усогласувањето со меѓународните статистички стандарди.

Република Северна Македонија е членка на Специјалниот стандард за објавување податоци плус (SDDS Plus) на Меѓународниот монетарен фонд, а Државниот завод за статистика е национален координатор на процесот за неговото спроведување.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк

Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем

09 мар. 2026