Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Средба со Амбасадорот на Република Чешка – потенцирана континуираната соработка помеѓу македонскиот и чешкиот статистички систем

Беше истакнато дека ваквите партнерства претставуваат важна основа за развој на современи, ефикасни и доверливи статистички системи што е од суштинско значење за креирање на квалитетни политики и за транспарентно информирање на јавноста

На 1 декември 2025 година, Директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков оствари работна средба со Амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, неговата екселенција г.Јарослав Лудва. Средбата претставуваше можност за афирмација на исклучително добрата соработка што повеќе од две децении се гради меѓу Државниот завод за статистика и Чешкиот завод за статистика. 

Во пријатна и конструктивна атмосфера, соговорниците разговараа за значењето на меѓународната статистичка соработка и за позитивните резултати што произлегуваат од споделените искуства и поддршката која двете институции ја негуваат во текот на годините. Беше истакнато дека ваквите партнерства претставуваат важна основа за развој на современи, ефикасни и доверливи статистички системи што е од суштинско значење за креирање на квалитетни политики и за транспарентно информирање на јавноста. 

Директорот и Амбасадорот ја потврдија подготвеноста за продолжување на соработката и за иницирање нови активности кои ќе придонесат за уште поголемо унапредување на билатералните односи. Средбата заврши со заемна оценка дека партнерството меѓу двете статистички институции е пример за успешна и долгорочна институционална соработка.

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026