Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Учество на конференцијата „Проширување на ЕУ – улогата на споредлива и веродостојна официјална статистика“

Веродостојните и споредливи статистики не се само бројки – тие се основа на информирани одлуки, меѓусебна доверба и напредок на патот кон ЕУ

На 11 и 12 септември, делегација од Државниот завод за статистика предводена од директорот, доц.д-р Дејан Станков, учествуваше на конференција од високо ниво „Проширување на ЕУ – улогата на споредлива и веродостојна официјална статистика“, која се одржа во Бургас, Република Бугарија. На конференцијата учествуваа директорката на статистичкиот завод на Европската Унија, г-ѓа Мариана Коцева, како и директорите на статистичките заводи на Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Грција, земјите од проширувањето и претставници на Фондот за население на Обединетите Нации.

Дискусиите се фокусираа на некои од најважните теми за иднината на европската интеграција, вклучувајќи:

  • Предизвиците и можностите на проширувањето на ЕУ.
  • Зајакнување на комуницирањето на официјалната статистика.
  • Искористување на нови извори на податоци за креирање политики засновани на докази.
  • Улогата на партнерското оценување (peer review) во обезбедувањето квалитет, независност и доверба.

Веродостојните и споредливи статистики не се само бројки – тие се основа на информирани одлуки, меѓусебна доверба и напредок на патот кон ЕУ.

Конференцијата беше одличен форум за размена на идеи во рамките на меѓународната соработка за зајакнување на Европскиот статистички систем и поддршка на процесот на проширување.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Нова електронска услуга: Образецот ВОИ.20 достапен на Националниот портал за е-услуги

Официјално претставена најновата електронска услуга на Националниот портал за е-услуги – образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи

05 септ. 2025

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

08 јул. 2025