56. сесија на Статистичката комисија на ОН – највисоко тело за одлучување за меѓународни статистички активности
Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“
Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на 56. сесија на Статистичката комисија на Обединетите нации што се одржа во Њујорк, од 4 до 7 март 2025 година.
Статистичката комисија на Обединетите нации (UNSD), која е составена од раководители на националните статистички институти на земјите членки на Обединетите нации, е највисок орган на меѓународниот статистички систем со права да решава за прашања кои се однесуваат на статистичките активности во светот, особено во поставувањето статистички стандарди, развојот на концепти и методи и нивна имплементација на национално и на меѓународно ниво.
Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“. Покрај тоа, беше усвоена ревидирана рамка за индикаторите за одржлив развој.
Дополнително, г. Станков оствари официјална средба со директорката на Евростат, г-ѓа Мариана Коцева, на која разговараше за интензивирање на континуираната поддршка на Евростат за ДЗС и зголемување на сетот на податоци што ги објавува Евростат за нашата земја. Исто така, беше остварена билатерална средба и со претседателот на Унгарскиот централен статистички завод, г. Арон Кинчеш, на која беше потврдена досегашната одлична соработка помеѓу двата заводи, беа разгледани можните статистички области за нејзино надградување и проширување, како и потпишување Меморандум за соработка во догледно време.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025
Официјалната статистика како клучен елемент во јакнењето на родовата еднаквост
Податоците како основа за отчетност и јавни политики што се темелат врз факти
16 дек. 2025
Панел-дискусија за улогата на финансиските извештаи во креирањето политики
Сметководствените извештаи создаваат квалитетни макроекономски статистики кои се основа за ефективни политики
15 дек. 2025