Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Државниот завод за статистика се вклучи во „Генералка викенд 2025“

Како општествено одговорна институција, ДЗС активно учествува во „Генералка викенд 2025“ за создавање почиста и поздрава урбана средина

Во рамките на националната екоиницијатива „Генералка викенд 2025“, вработените од Државниот завод за статистика активно се вклучија во акцијата за чистење и уредување на околината. На 9 мај, тимот на Заводот посветено го исчисти просторот околу зградата на институцијата, придонесувајќи за поздрава и почиста урбана средина.

Со оваа активност, Државниот завод за статистика како општествено одговорна институција ја потврди важноста на колективниот ангажман во зачувувањето на животната средина. Настанот помина во позитивна атмосфера, во колегијален дух што мотивира создавање поубаво место за живеење и работа.

Заводот и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи, со цел развивање на свеста за екологијата и одржливиот развој во македонското општество.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Амбасадорот на Кралството Шведска во посета на Регионалното одделение за статистика во Битола

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во Регионалното одделение за статистика во Битола се одржа работен состанок помеѓу директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, и амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. Ола Сулстром

21 ноем. 2025