Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Државниот завод за статистика се вклучи во „Генералка викенд 2026“

Како општествено одговорна институција, ДЗС активно учествува во „Генералка викенд 2026“ за создавање почиста и поздрава урбана средина

Во рамките на националната екоиницијатива „Генералка викенд 2026“, вработените од Државниот завод за статистика активно се вклучија во акцијата за чистење и уредување на околината. На 8 мај, тимот на Заводот посветено го исчисти просторот околу зградата на институцијата, придонесувајќи за поздрава и почиста урбана средина.

Со оваа активност, Државниот завод за статистика како општествено одговорна институција ја потврди важноста на колективниот ангажман во зачувувањето на животната средина. Настанот помина во позитивна атмосфера, во колегијален дух што мотивира создавање поубаво место за живеење и работа.

Заводот и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи, со цел развивање на свеста за екологијата и одржливиот развој во македонското општество.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026

35 години независна Македонија – приказна раскажана низ бројки

По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја подготви публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении

07 септ. 2026