Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Нова електронска услуга: Образецот ВОИ.20 достапен на Националниот портал за е-услуги

Официјално претставена најновата електронска услуга на Националниот портал за е-услуги – образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи

Денеска, Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, официјално ја претстави најновата електронска услуга достапна на Националниот портал за е-услуги – образецот за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи (ВОИ.20). 

Со ова се овозможува поедноставно пополнување на статистичките обрасци, се зголемува ефикасноста на статистичките процеси, а податоците се добиваат навремено, со висок квалитет и со пониски трошоци и за Заводот и за студентите. 

Воведувањето на овој електронски образец претставува важен чекор во процесот на дигиталната трансформација и поставување нови стандарди за тоа како може да им служи статистиката на граѓаните, студентите, институциите и на општеството.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Свечена академија „80 години Државен завод за статистика“

Од рачно собрани податоци до современи дигитални платформи, од статистички годишници во хартиена форма до отворени бази на податоци достапни за сите граѓани – патот што го изоде официјалната статистика е навистина импресивен

03 јун. 2025