Новости

Одржана работилницата „Статистика за новинари“

На работилницата беа презентирани новини од Државниот завод за статистика и практични начини за новинарско известување

На 29.04.2025 година, во организација на Државниот завод за статистика се одржа работилницата „Статистика за новинари“, со цел зајакнување на вештините на новинарите за користење и толкување на статистичките податоци, како и запознавање со новините во работата на Заводот.

На работилницата учествуваа новинари од различни медиуми, кои имаа можност директно да се запознаат со процесот на ребрендирање на Државниот завод за статистика, новата веб-страница, како и со новиот, унапреден и поедноставен начин на прикажување на статистичките соопштенија.

Работилницата ја водеа директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков и вработени од Секторот за дисеминација, при што особено внимание беше посветено на практичната употреба на базата на податоци МАКСТАТ, со конкретни примери и вежби за пребарување и обработка на податоци релевантни за теми од јавен интерес.

Учесниците добија насоки како полесно да пристапат до податоците, како да ги толкуваат правилно и како да ги интегрираат јасно и концизно во своите новинарски приказни.

Настанот беше оценет како мошне корисен од присутните новинари, кои го истакнаа значењето на ваквите иницијативи за унапредување на препознатливоста и достапноста на статистичките податоците за јавноста.

Работилницата „Статистика за новинари“ е дел од пошироките напори на Државниот завод за статистика за отворање кон медиумите и зајакнување на довербата на јавноста преку модернизација и активно вклучување на корисниците на статистичките податоци.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

16 окт. 2024

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024