Новости

Отворен нов Центар за обука со поддршка од Шведската статистика

Центарот овозможува современи услови за едукација, соработка и професионален развој во статистиката, достапен е за вработените во Заводот, како и за академската заедница, медиумите и други корисници на статистички податоци

На 9 април 2025 година, во просториите на Државниот завод за статистика беше свечено отворен новиот Центар за обука, реализиран со поддршка на Статистичкиот завод на Шведска преку програмата за развојна соработка на Шведската агенција за меѓународен развој – SIDA.
Центарот претставува современ простор за обука, размена на знаења и професионален развој во областа на официјалната статистика, наменет како за вработените во Заводот така и за надворешни соработници, академски истражувачи, новинари и за сите заинтересирани корисници на статистички податоци.

Со отворањето на овој центар, Државниот завод за статистика прави важен чекор напред за зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на статистичката култура и приближување кон европските и меѓународните стандарди за продукција и дисеминација на податоци.

На свеченото отворање присуствуваа директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков и вработени од Заводот, амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, 
г-ѓа Ами Ларсон Џеин, со претставници од амбасадата, експертите ангажирани од Статистичкиот завод на Шведска во овој проект, г-ѓа Мај Ериксон Готе и г. Ларс Јохан Содерберг, како и партнерите што учествуваат во развојниот процес на македонскиот национален статистички систем.
Државниот завод за статистика им изразува голема благодарност на Статистичкиот завод на Шведска и на програмата SIDA за континуираната поддршка, со чија помош се реализираат стратегиските цели и развојните иницијативи во областа на македонската статистика.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Средба на директорите на Државниот завод за статистика и Централниот регистар

Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката, вчера се одржа координативен состанок на директорите на Централниот регистар и Државниот завод за статистика, г-ѓа Анита Стамнова и г. Дејан Станков.

16 окт. 2024

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

27 септ. 2024