Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Посета на директорката на Статистика Шведска на Државниот завод за статистика

На 27.11.2025 година, Државниот завод за статистика (Статистика) беше домаќин на директорката на Статистика Шведска, Ева-Ло Игхе, чија посета претставува значаен момент во унапредувањето на долгогодишната соработка помеѓу двете институции

На 27.11.2025 година, Државниот завод за статистика (Статистика) беше домаќин на директорката на Статистика Шведска, Ева-Ло Игхе, чија посета претставува значаен момент во унапредувањето на долгогодишната соработка помеѓу двете институции. Во рамки на средбите што се одржаа во ДЗС, се дискутираше за досегашните заеднички активности, тековниот билатерален проект, како и за можностите за продлабочување на партнерството во иднина.

Директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, истакна дека институцијата високо ја цени поддршката што ја добива од Статистика Шведска, како и професионалниот и структуриран пристап што се применува во рамките на тековниот проект. Тој нагласи дека особена вредност на оваа соработка е фактот што македонските статистичари, со поддршка од колегите од Статистика Шведска, самостојно учат, развиваат нови знаења и вештини и активно придонесуваат кон исполнување на проектните цели.

Посетата претставува дополнителен поттик за продолжување на успешната соработка и заедничкиот ангажман во подобрување на статистичките процеси, усогласување со европските стандарди и понатамошно јакнење на капацитетите на Државниот завод за статистика.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Успешно одржан настанот за твининг-проектот финансиран од Европската Унија: „Подобрување на квалитетот и опфатот на статистиките за животна средина и здравствените статистики“

Една година од твининг-проектот: размена на искуства и постигнувања во унапредувањето на статистиката

19 септ. 2025

Нова електронска услуга: Образецот ВОИ.20 достапен на Националниот портал за е-услуги

Официјално претставена најновата електронска услуга на Националниот портал за е-услуги – образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи

05 септ. 2025