Новости

Потпишан Договор за размена на податоци

Како резултат на долгогодишната успешна соработка, денес, директорите на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, и на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, потпишаа Договор за размена на податоци меѓу двете институции.

Потпишувањето на овој Договор е во насока на постигнување висок квалитет и конзистентност на официјалните статистички податоци и намалување на оптовареноста на давателите на податоци, што е во согласност со приоритетите на двете иституции, но и во согласност со одредбите на Законот за државната статистика.

Со Договорот се прецизираат видот на податоците што ќе се разменуваат, начинот и периодиката на размена и одговорностите на двете институции во однос на заштитата на податоците.

Размената на податоци со Управата за јавни приходи претставува уште еден доказ за посветеноста на Државниот завод за статистика кон заложбите за максимално користење на административните податоци во државата за статистички цели.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Mеѓународна PxWeb конференција

Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска

08 ноем. 2024

Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година

Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок

05 ноем. 2024

Европски ден на статистиката – 20 октомври 2024 година

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“

18 окт. 2024