Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Промовирани нови е-услуги за високо образование на Националниот портал е-Услуги

Нови електронски обрасци за побрзо доставување податоци за дипломирани студенти, магистри и доктори на науки

Денес, Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за дигитална трансформација ги промовира трите нови електронски услуги што се достапни на Националниот портал за е-Услуги – uslugi.gov.mk, во областа Високо образование.
Станува збор за следните услуги:

  • Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи
  • Образец за лица кои се стекнале со назив магистер/специјалист
  • Образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд. 

Овие услуги имаат за цел да го поедностават и да го дигитализираат процесот на доставување статистички податоци за завршени нивоа на високо образование. Со нивното воведување се овозможува побрзо, поефикасно и полесно пополнување и доставување на потребните информации, без административни бариери и со минимално време.

Електронските обрасци се достапни на следните линкови:
https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-diplomirani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-6166 
https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-lica-koi-se-steknale-so-naziv-magistarspecijalist-voi--6167 

https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-lica-doktori-na-nauki-koi-odbranile-doktorski-trud-vo-godina-voi--6168

На промоцијата беа презентирани функционалноста на услугите, начинот на нивното користење, како и придобивките за граѓаните и институциите.
Со ова, Државниот завод за статистика продолжува да ги унапредува дигиталните услуги и ги подобрува квалитетот и достапноста на статистичките податоци.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026