Средба со студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Пред голем број студенти, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, одржа предавање на тема: „Официјалните статистики, прозорец за разбирање на општеството“
Во рамките на одбележувањето на Европскиот ден на статистиката, 20 октомври, претставници на Државниот завод за статистика остварија посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Пред голем број студенти, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, одржа предавање на тема: „Официјалните статистики, прозорец за разбирање на општеството“, во кое се осврна на значењето на официјалните статистики, нивната употребна вредност и колку се битни особено за студентите во процесот на нивното образование и подготовките за влез на пазарот на трудот.
Директорот Станков и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, д-р Дејан Мираковски потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува соработка меѓу двете институции и се преземаат нови активности за поголема вклученост на студентите во зголемувањето на статистичката писменост меѓу младите.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Продлабочување на соработката со УНИЦЕФ
Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја, г-ѓа Лесли Милер и нејзиниот тим, при што беше запознаен со тековите активности на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
15 ноем. 2024
Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди
Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики
12 ноем. 2024
Mеѓународна PxWeb конференција
Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска
08 ноем. 2024
Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година
Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок
05 ноем. 2024
Состанок со Комората на сметководителите
Во просториите на Државниот завод за статистика, се одржа состанок со Комората на сметководителите посветен на унапредување на меѓусебната соработка
01 ноем. 2024