Статистички годишник, 2026
Во ова издание се обединети податоци од многубројни статистички истражувања, систематизирани на начин што овозможува сеопфатен преглед на состојбите, структурата и трендовите на демографските и социоекономските појави во македонското општество во 2025 година.
Во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.
Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.
Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.