Државен завод за СТАТИСТИКА

Цени

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Цените како паричен облик на вредностите на стоките и на услугите претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на политиките.

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги  ги мерат промените на нивото на цените на производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се пласираат на домашниот и на странскиот пазар.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Се следат и цените во земјоделството како индекс на цени во инпутот (средства, услуги и инвестиции во земјоделството) и индекс на цени во аутпутот (производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од секторот).

Индикатори

Индекс на цените во земјоделството - aутпут 123.4 индекс март,2026 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во земјоделството - инпут 105.2 индекс март,2026 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во угостителството 102.4 индекс Март 2026 година во однос на истиот период претходната година

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 100.5 индекс март 2026 година во однос на претходниот период

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →

Цени на електричната енергија и природниот гас, второ полугодие 2025 година

Во второто полугодие од 2025 година има благо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, додека кај останатите потрошувачи цената на електричната енергија и цените на природниот гас, генерално, се намалуваат.

31 мар. 2026