Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, мај 2026 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 1.2 %
29 јун. 2026
Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.
Цените како паричен облик на вредностите на стоките и на услугите претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на политиките.
Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги ги мерат промените на нивото на цените на производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се пласираат на домашниот и на странскиот пазар.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Се следат и цените во земјоделството како индекс на цени во инпутот (средства, услуги и инвестиции во земјоделството) и индекс на цени во аутпутот (производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од секторот).
Индекс на цените во земјоделството - aутпут 94.5 индекс јули, 2026 во однос на истиот период претходната година
Индекс на цените во земјоделството - инпут 104.1 индекс јули 2026 во однос на истиот период претходната година
Индекс на цените во угостителството 103.7 индекс Август 2026 година во однос на истиот период претходната година
Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 100.0 индекс јули 2026 година во однос на претходниот период
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 1.2 %
29 јун. 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2026 година се зголемени за 1.3 % во однос на претходниот месец
29 јун. 2026
Поради дополнително добиени податоци за одредени промени во цените на земјоделските инпути во мај 2026 година, статистичките податоци за индексите на цените во земјоделството објавени на 18 јуни 2026 година ги објавивме повторно. Се извинуваме за можните непријатности и ви благодариме за разбирањето!
18 јун. 2026
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во април 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 25.5 %
10 јун. 2026
Инфлацијата во мај 2026 година во однос на претходниот месец е 0.6 %
08 јун. 2026
Цените на угостителските услуги во мај 2026 година се зголемени за 0.1 % во однос на претходниот месец
05 јун. 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април 2026 година се зголемени за 0.4 % во однос на претходниот месец
28 мај 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.6 %
28 мај 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во април 2026 година се зголемени за 0.6 % во однос на претходниот месец
28 мај 2026
Цените на услугите во одделот Услуги за копнен и цевководен транспорт во првото тримесечје од 2026 година пораснале за 6.7 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година
28 мај 2026