Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јули 2026 година
Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0.1 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0.1 %.
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Услуги за образование за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.4 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %, Облека и обувки за 0.2 %, Информации и комуникации и Здравствена заштита за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Осигурување и финансиски услуги и Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јули 2026 година во однос на јуни 2026 година изнесува 101.3.
Индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи зголемување од 2.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.8 %.
Главни поенти
Во јули 2026 година во однос на јуни 2026 година:
- Стапката на инфлација е 0.1 %
- Во групата Транспорт е 4.4 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
јули 2025 – јули 2026 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk