Индекси на цените на услугите, второ тримесечје 2025 година
Цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во второто тримесечjе од 2025 година пораснале за 1.0 % во споредба со второто тримесечје од 2024 година
29 авг. 2025
Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.
Цените како паричен облик на вредностите на стоките и на услугите претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на политиките.
Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги ги мерат промените на нивото на цените на производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се пласираат на домашниот и на странскиот пазар.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Се следат и цените во земјоделството како индекс на цени во инпутот (средства, услуги и инвестиции во земјоделството) и индекс на цени во аутпутот (производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од секторот).
Индекс на цените во земјоделството - aутпут 98.4 индекс октомври,2025 во однос на истиот период претходната година
Индекс на цените во земјоделството - инпут 101.7 индекс октомври, 2025 во однос на истиот период претходната година
Индекс на цените во угостителството 104.1 индекс Ноември 2025 година во однос на истиот период претходната година
Просечна цена на електричната енергија за домаќинствата 7.271 денари по KWh Прво полугодие 2025 година
Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 100.3 индекс октомври 2025 година во однос на претходниот период
Цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во второто тримесечjе од 2025 година пораснале за 1.0 % во споредба со второто тримесечје од 2024 година
29 авг. 2025
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1.1 %
29 авг. 2025
Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 % кај инпутот и за 31.8 % кај аутпутот
15 авг. 2025
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 9.3 %
11 авг. 2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.3 %
11 авг. 2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.4 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец
11 авг. 2025
Инфлацијата во јули 2025 година во однос на претходниот месец е 1.1 %
07 авг. 2025
Цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец
05 авг. 2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0.2 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец
28 јул. 2025
Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2 % кај инпутот и за 18.0 % кај аутпутот
15 јул. 2025