Државен завод за СТАТИСТИКА

Цени

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Цените како паричен облик на вредностите на стоките и на услугите претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на политиките.

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги  ги мерат промените на нивото на цените на производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се пласираат на домашниот и на странскиот пазар.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Се следат и цените во земјоделството како индекс на цени во инпутот (средства, услуги и инвестиции во земјоделството) и индекс на цени во аутпутот (производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од секторот).

Индикатори

Индекс на цените во земјоделството - aутпут 98.4 индекс септември,2025 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во земјоделството - инпут 103.3 индекс септември,2025 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во угостителството 104.7 индекс Септември 2025 година во однос на истиот период претходната година

Просечна цена на електричната енергија за домаќинствата 7.271 денари по KWh Прво полугодие 2025 година

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 99.9 индекс август 2025 година во однос на претходниот период

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →

Корекција: Податоците за индексите на цените во земјоделството во април 2025 година се објавени повторно

Поради одредени промени во цените на земјоделските инпути во април 2025 година, статистичките податоци за индексите на цените во земјоделството објавени на 15 мај 2025 година ги објавивме повторно. Се извинуваме за можните непријатности и ви благодариме за разбирањето!

15 мај 2025

Корекција: Податоците за цените на електричната енергија и природниот гас за второто полугодие 2024 година ги објавуваме повторно

По дополнително доставениот извештај од Регулаторната комисија за енергетика, беше направена корекција на веќе објавените цени на електричната енергија за домаќинствата и индустриските потрошувачи во соопштението за второто полугодие од 2024 година објавено на 01.04.2025 година

02 мај 2025

Референтни метаподатоци (ESMS)

Прашалници (Обрасци)