Комунален отпад, 2025 година
Во 2025 година е собран за 0.3 % повеќе комунален отпад отколку во 2024 година
Вкупното количество собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2025 година изнесува 639 668 тони. Споредено со 2024 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2025 година бележи зголемување од 0.3 %. Зголемувањето се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад.
Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 178 953 тони или 28.0 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад,
537 341 тон или 84 % се собрани од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е мешаниот комунален отпад –
553 126 тони или 86.5 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 106 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.
Вкупното количество создаден комунален отпад во 2025 година изнесува 755 789 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2025 година изнесува 417 кг, што е за 4.8 % помалку од истото количество во 2024 година.
Најголемото количество собран комунален отпад, 99.8 %, се исфрла на депонија.
Главни поенти
Собран комунален отпад по видови, 2025 година
- Измешан комунален отпад: 553 126 тони
- Органски отпад: 34 757 тони
- Отпад од пластика: 15 500 тони
- Хартија: 10 217 тони
- Метал: 1 879 тони
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Собран и создаден комунален отпад, по региони
2025 година
Контакт
Сузана СтојановскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk Јана Гркова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk