Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2024 година
Во декември 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 65 582 денари
21 фев. 2025
Воспоставувањето сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Статистиката на пазарот на трудот овозможува да се разгледа вклученоста на поединците, домаќинствата и претпријатијата на пазарот на трудот, како во краток рок, така и во структурни услови. Покрај аспектот на економската активност (продуктивност, трошоци за труд, ниво на плата...), статистиката на пазарот на трудот, исто така, е важна за разгледување на социоекономските прашања, како што се невработеноста, структурата на платите според карактеристиките на вработените.
Анкетата за работната сила овозможува перцепција на ситуацијата и следење на промените на пазарот на трудот преку меѓународно утврдени показатели, вклучувајќи ја стапката на вработеност и стапката на невработеност. Покрај тоа, ова истражување дава преглед на социодемографските карактеристики на вработените, невработените и населението надвор од работната сила и е единствен извор на информации за неформалното вработување.
Истражувањето за платите обезбедува месечни податоци за висината и движењето на просечните бруто и нето-плати.
Анкетата за цената на трудот обезбедува информации за платите и за останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените.
Анкетата за структурата на заработувачката обезбедува информации за платите и останатите заработувачки, земени како приход на вработените исплатен од страна на работодавачот.
Овие податоци се неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Стапка на слободни работни места 2.02 % прво тримесечје 2025 година
Стапка на вработеност 46.3 % Прво тримесечје 2025 година
Просечна нето-плата 44 763 денари март 2025 година
Индекс на просечната месечна нето плата 110.5 индекс март 2025 година во однос на истиот период претходната година
Во декември 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 65 582 денари
21 фев. 2025
Во декември 2024 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 43 587 денари
21 фев. 2025
Во ноември 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 63 154 денари
21 јан. 2025
Во ноември 2024 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 41 999 денари
21 јан. 2025
Во октомври 2024 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 63 392 денари
20 дек. 2024
Просечната месечна исплатена нето-плата во октомври 2024 година изнесува 42 134 денари
20 дек. 2024
Во третото тримесечје од 2024 година стапката на невработеност е намалена за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
06 дек. 2024
Во третото тримесечје од 2024 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата
02 дек. 2024