Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, април 2026 година
Инфлацијата во април 2026 година во однос на претходниот месец е 1.3 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %.
Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.
Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 103.2.
Индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи зголемување од 5.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.0 %.
Главни поенти
Во април 2026 година во однос на март 2026 година:
- Стапката на инфлација е 1.3 %
- Во групата Транспорт е 10.1 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
април 2025 – април 2026 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk