Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/9

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, септември 2026 година

Инфлацијата во септември 2026 година во однос на претходниот месец останува на исто ниво.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, останува на исто ниво. 

Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација, спорт и култура за 3.7 %, Транспорт за 3.4 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.3 % и Информации и комуникации за 0.1 %. 

Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.3 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Услуги за образование за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.2 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2026 година во однос на август 2026 година
изнесува 98.7.

Индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.7 %.     

 

Главни поенти

Во септември 2026 година во однос на август 2026 година:

  • ·        Стапката на инфлација е 0.0 %
  • Во групата Рекреација, спорт и култура е -3.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

септември 2025 – септември 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало