Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/4

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, мај 2026 година

Инфлацијата во мај 2026 година во однос на претходниот месец е 0.6 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, изнесува 0.6 %.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и култура за 0.9 %, Информации и комуникации за 0.7 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.5 %, Здравствена заштита, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.1%.

Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во мај 2026 година во однос на април 2026 година изнесува 100.8.

Индексот на трошоците на животот во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %.

Главни поенти

Во мај 2026 година во однос на април 2026 година:

  • Стапката на инфлација е 0.6 % 
  • Во групата Транспорт е 1.6 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

мај 2025 – мај 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало