Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/6

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јуни 2026 година

Инфлацијата во јуни 2026 година во однос на претходниот месец е - 0.5 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, изнесува -0.5 %. 

Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %.

Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата и Ресторани и услуги за сместување за 0.3 %, Здравствена заштита и Информации и комуникации за 0.2 %, Облека и обувки за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Услуги за образование и Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. 

Индексот на цените на мало во јуни 2026 година во однос на мај 2026 година изнесува 99.2.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи зголемување од 3.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 
3.6 %.

Главни поенти

Во јуни 2026 година во однос на мај 2026 година:

  • Стапката на инфлација е -0.5 %
  • Во групата Транспорт е -1.6 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

јуни 2025 – јуни 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало