Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2026.1/4

Корекција: Податоците за индексите на цените во земјоделството во април 2026 година се објавени повторно

Поради дополнително добиени податоци за одредени промени во цените на земјоделските инпути во април 2026 година, статистичките податоци за индексите на цените во земјоделството објавени на 19 мај 2026 година ги објавивме повторно. Се извинуваме за можните непријатности и ви благодариме за разбирањето!

Цените во земјоделството во април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 7.8 % кај инпутот и за 10.8 % кај аутпутот.

Во делот инпут, во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за 
7.8 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 6.9 %.

Во делот аутпут, во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 13.6 %, а цените на добиточното производство се намалени  за 0.3 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се бележи следнава динамика:

  •  повисоки се за 13.6 % кај растителното производство и
  •  пониски за 0.3 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  •  повисоки се за 7.8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  •  повисоки се за 6.9 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството