Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 10.2.2026.1

Органско производство, 2025 година

Во 2025 година, во однос на 2024 година, обработливата површина под органско земјоделско производство е зголемена за 24.6 %

Во 2025 година со органско земјоделско производство се занимавале 931 производител.

Во истиот период се регистрирани 5 145 хектари обработлива површина, од кои 
1 902 хектари се површини на органско производство во преод.

Житните култури зафаќат најголем дел од површините под органско производство, и тоа со 2 444 хектари, што претставува 47.5 % од вкупната површина.

Во 2025 година, во споредба со 2024 година, површините под органско производство на житни култури се зголемени за 31.3 %. Зголемување на површините е забележано и кај индустриските и фуражните култури, како и кај овошките, додека намалување на површините е забележано кај зеленчукот и кај грозјето.

Вкупниот број органски говеда изнесуваа 9 546 грлa и во однос на 2024 година е зголемен за 1.1 %. Зголемување е забележано и кај органските овци, за 9.4 %, како и кај органските кози за 0.3 %.

Производството на органски мед во 2025 година е зголемено за 13.1 % во однос на 
2024 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 2.6 %. 

Главни поенти

Органско производство во 2025 година

  • Вкупно обработлива површина: 5 145 хектари
  • Житни култури: 2 444 хектари 
  • Говеда: 9 546 грла 
  • Производство на мед: 69 658 килограми

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1.Површини под органско производство според групи култури и по години

во хектари

Контакт

Урим Абази
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Органско фармерство