Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/8

Издадени одобренија за градење, август 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во август 2026 година е зголемен за 18.9 % во однос на истиот период од претходната година

Во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува            21 777 160 илјади денари, што е за 315.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на автопат А4, делница ГП Блaце – Скопје.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 224 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (5.4 %) за објекти од нискоградба и 91 (27.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 333 објекти, на 231 (69.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2.

Главни поенти

Во август 2026 година:

  •  Најмногу одобренија за градење, 224, се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 105
  • За изградба се предвидени 1 030 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % август 2026 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa.cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење