Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/3

Издадени одобренија за градење, март 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во март 2026 година е намален за 26.6 % во однос на истиот период од претходната година

Во март 2026 година се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. 


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува           24 574 417 илјади денари, што е за 21.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период се издадени одобренија за градба на ветерни паркови за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 128 MW на територијата на општините Штип, Радовиш и Карбинци, кои се со голема вредност.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 148 (60.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.7 %) за објекти од нискоградба и 66 (26.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 245 објекти, на 136 (55.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109      (44.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   53 718 м2.

Главни поенти

Во  март 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење,  148, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 62
  • За изградба се предвидени 618 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % март 2026 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење