Јавен водовод и јавна канализација, 2025 година
Во 2025 година 55.7 % од водата за снабдување од јавен водовод била зафатена од изворски води
Во 2025 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 312 547 илјади м3 вода за снабдување, што е за 1.9 % повеќе во однос на 2024 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 55.7 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2025 година било за 2.1 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 66.8 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2025 година било за 9.8 % помало во однос на 2024 година.
Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2025 година, непречистени биле 72.6 %, а пречистени 27.4 %.
Главни поенти
Вкупно количество испуштени отпадни води, 2025 година
- Непречистени: 72.6 %
- Пречистени: 27.4%
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Сузана СтојановскаТелефон: +38923295666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk Јана Гркова
Телефон: +38923295650
е-пошта: jana.grkova@stat.gov.mk