Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2026.1/8

Индекси на индустриското производство, август 2026 година

Индустриското производство во август 2026 година е намалено за 1.9 % во однос на август 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 
2026 година, во однос на август 2025 година, бележи опаѓање од 10.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.8 %. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 

 - Производство на облека,
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 - Производство на метали,
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 % и Капитални производи за 8.9 %, додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, изнесува 100.6.

Главни поенти

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во август 2026 година, во однос на август 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: 

•    Производство на електрична опрема со 6.9 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 9.6 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 8.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство