Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.1.2026.1/9

Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2026 година

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.9 % во септември 2026 во однос на септември 2025 година

Бројот на работниците во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а се зголемил за 1.5 % во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 
2026 година, во однос на септември 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.7 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.

Бројот на работниците во периодот јануари – септември 2026 во однос на периодот 
јануари – септември 2025 година се намалил за 2.8 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година е намален за:

  •   7.6 % во рударството и вадењето камен
  •   2.9 % во преработувачката индустрија

а зголемен за:

  •   1.5 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Контакт

Татјана Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на бројот на работниците во индустријата