Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.5.2026.1

Склучени и разведени бракови, 2025 година

Во 2025 година во однос на 2024 година се склучени за 5.1 % помалку, а разведени за 8.0 % повеќе бракови

Во 2025 година се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %. Најмногу бракови, 1 362 или 13.0 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 473 бракови или 4.5 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.8 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот.

Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 448 или 32.8 % кај жените и 3 750 или 35.7 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 %, кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Главни поенти

Во 2025 година
  • Бројот на склучените бракови е намален за 5.1 % 
  • Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот
  • Бројот на разводите е зголемен за 8.0 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Душко Лазаров
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dushko.lazarov@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Склучени и разведени бракови