Демографски податоци според градски и селски подрачја, по региони, 2025 година
Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја
Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39.8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.
Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63.6 %, а 7 385 лица или 36.4 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 37, додека во селските подрачја умреле 25 доенчиња.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 367 лица, a во селските подрачја -1 070 лица.
Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 5 782 или 55.0 %, наспроти 4 725 бракови или 45.0 % во селските подрачја.
Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1 438 или 65.8 %, додека во селските подрачја има 747 разводи или 34.2 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 34.9 % имаат преселбите од село во град, а Североисточниот Регион има најголемо учество со 47.4 %. Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 50.9 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 3 877 лица, а најмало во Североисточниот Регион, односно 40 лица.
Главни поенти
Во 2025 година:
- Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %
- Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.4 %, а најмало Североисточниот Регион со 8.0 %
- Учеството на склучените бракови со 55.0 % и на разведените бракови со 65.8 % е поголемо во градските подрачја
- Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот Регион со 50.9 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.7 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 3 877 лица, а најмало во Североисточниот Регион, односно 40 лица
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Јане КрстескиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.krsteski@stat.gov.mk