Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2025/2026 година
Во академската 2025/2026 година најмногу студенти, 14 088, се запишале во областа Здравство и социјална заштита
Во академската 2025/2026 година се запишале 55 036 студенти, што претставува зголемување за 2.8 % во однос на претходната 2024/2025 година. Запишани студентки се 32 957 или 59.9 %.
Најголем број студенти, 77.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека
22.2 % се запишале на приватните високообразовни установи.
Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16 212 студенти или 29.5 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 14 995 студенти во прва година се запишале првпат.
Главни поенти
Запишани студенти на прв циклус студии, академска 2025/2026 година
• Државни високообразовни установи: 77.8 % од вкупниот број студенти
• Приватни високообразовни установи: 22.2 % од вкупниот број студенти
• Прва година на студии (првпат): 14 995 студенти
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Снежана СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.stojkovic@stat.gov.mk