Активно население, второ тримесечје 2026 година
Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0.8 % во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1.5 %.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 63.6 %, а жени 36.4 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1 %. Од вкупниот број вработени, 57.7 % се мажи, а 42.3 % се жени.
Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7.2 % во однос на претходното тримесечје. Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51.0 % од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17.2 % од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност.
Главни поенти
• Активно население: 798 718 лица
• Вработени: 708 698 лица
• Невработени: 90 020 лица
• Стапка на активност: 52.5
• Стапка на вработеност: 46.6
• Стапка на невработеност: 11.3
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на невработеност
Контакт
Ајрија ЧаушоскаТелефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk