Слободни работни места, прво тримесечје 2026 година
Во првото тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година изнесува
2.07 %, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 % има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 %.
Почнувајќи од првото тримесечје од 2026 година, согласно со регулативите на ЕУ и препораките на Евростат, податоците за слободните работни места се објавуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. наместо според НКД, рев. 2.
Главни поенти
Највисока стапка на слободни работни места во првото тримесечје од 2026 година имаат
• Вардарскиот Регион: 2.28 %
• Деловните субјекти со 10 до 49 вработени: 3.05 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Стапка на слободни работни места во последните четири тримесечја
Контакт
Јане МирческиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: jane.mirceski@stat.gov.mk