TransMonEE база на податоци
ТрансМонЕЕ е регионална база на податоци која содржи податоци за децата од одредени области со кои се следи остварувањето на ОН Конвенцијата за правата на детето.

ТрансМонЕЕ базата на податоци е развиена од страна на UNICEF, со цел подобрување на опфатот, квалитетот, дисагрегацијата, пристапот и употребата на податоците за децата во области релевантни за следење на правата на децата во контекст на Конвенцијата за правата на децата и Агендата 2030 за одржлив развој.
Базата постои повеќе од 30 години и претставува подршка на земјите во напорите за следење на детските права, зајакнување на процесот на одлучување и продлабочување на разбирањето на предизвиците со кои се соочуваат децата во Европа и регионот на централна Азија.
Во периодот 2019-2021 година, базата беше ревидирана во однос на домените, под-домените, индикаторите, дефинициите и беа направени технички подобрувања.
Базата е фокусирана на административните податоци што се однесуваат на детска заштита, правда за децата, насилство и децата со попреченост.
Ревидираната база на податоци се однесува на периодот од 2015 година наваму.