ДЗС и квалитетот
Корисниците ги препознаваат нашите статистички податоци како продукти што одговараат на нивните потреби. Во согласност со Стратегискиот план, Државниот завод за статистика е посветен на исполнување на барањата на корисниците за статистички податоци, Институцијата секогаш на прво место го става квалитетот на статистичките податоци.

Што е квалитет?
Квалитетот на статистичкиот продукт може да биде дефиниран како “fitness for purpose“(да одговара на потребата) за тој продукт. Попрецизно, тоа значи да одговара на потребите во согласност со димензиите на квалитет утврдени со европскиот статистички систем:
- релевантност-до кој степен статистичкиот продукт ги задоволува потребите на корисниците од аспект на содржина и опфат
- точност и веродостојност-колку проценетите вредности на податоците се блиску до вистинските резултати
- навременост и прецизност- го опишува времето помеѓу датумот на публикување и датумот на кој се однесуваат податоците, и времето помеѓу вистинското објавување и планираното објавување на статистичките податоци
- пристапност и јасност- колку лесно корисниците имаат пристап до податоците, метаподатоците и дополнителните објаснувања
- кохерентност и споредливост-колку се слични податоците, што се изведени од различни извори или со различни методи, а се однесуваат на иста тема и степенот до кој податоците може да се споредат во време и простор, на пример географското ниво.
ООН Фундаментални принципи на статистика
Извештаи од Поедноставното партнерско оценување