Државен завод за СТАТИСТИКА

Политики и стратегии

Стратегиски план, 2026 - 2028

Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2026 – 2028, е основен документ со кој се уредуваат стратегиските приоритети на Државниот завод за статистика во периодот од 2026 до 2028 година

Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2026 – 2028, е основен документ со 
кој се уредуваат стратегиските приоритети на Државниот завод за статистика во периодот 
од 2026 до 2028 година. Реализацијата на дефинираните програми и потпрограми треба да 
обезбеди: 

  • Извршување на обврските на Државниот завод за статистика, дефинирaни во 
    Програмата за статистички истражувања за периодот 2023 – 2027 година и
  • Реализирање на стратегиските приоритети на Владата на Република Северна 
    Македонија поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, 
    односно реализирање на обврските од Националната програма за усвојување на 
    европското законодавство (НПАА).

При подготовката на Стратегискиот план целосно се почитувани: Законот за државната 
статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања, 2023 – 2027.
Покрај тоа, земени се предвид и релевантните документи од Европската комисија со кои се 
дефинираат стратегиските приоритети на Европскиот статистички систем и според кои се 
следи прогресот на Државниот завод за статистика. Земени се предвид препораките од 
партнерското оценување (Peer Review) на Европската комисија за напредокот во 
имплементацијата на Кодексот за работа на европската статистика, како и препораките од 
редовните годишни мисии на Евростат (Статистичка служба на Европската комисија), 
препораките од Годишниот извештај на Европската комисија за оценка на напредокот на 
Поглавјето 18 – Статистика, во однос на хармонизацијата со стандардите на ЕУ. 

Документот можете да го преземете на следниот линк: Стратегиски план 2026-2028

 

Претходни документи:

Strategiski plan