Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Дигитализација на статистичките податоци: Студентите задолжително да го пополнат електронскиот образец ВОИ.20

Нема веќе хартиени обрасци – запишаните студенти на додипломски студии се пријавуваат само електронски

Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на додипломски студии преку новиот електронски образец ВОИ.20. Почнувајќи од академската 2025/2026 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец  да го  пополнат и да го достават по електронски пат.

За да го пополнат образецот, студентите најпрвин треба да креираат корисничка сметка на ниско ниво во Управата за јавни приходи (УЈП) на следниов линк: uslugi.gov.mk/Креирање кориснички профил, а потоа да пристапат до Националниот портал е-Услуги и да го пополнат образецот на следниот линк: uslugi.gov.mk/Образец ВОИ.20. По успешното пополнување на образецот, системот генерира соодветен документ кој студентите се должни да го достават до студентската служба на својот матичен факултет или висока стручна школа.

Потсетуваме дека навременото и точно пополнување на овие податоци е законска обврска што придонесува за креирање прецизни образовни политики, а за сите дополнителни прашања и технички насоки студентите и институциите може да стапат во контакт со надлежните лица од Државниот завод за статистика.

Поврзани вести и соопштенија

Средношколци од Гевгелија во посета на Државниот завод за статистика

Во рамките на своите заложби за подигнување на нивото на статистичка писменост помеѓу младите, денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група ученици од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

15 ноем. 2024